Зошто Халкидики сè почесто се тресе?

1946

Жителите и туристите на Халкидики останаа вознемирени по земјотресот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала што вчера попладнето ја погоди Света Гора, а беше почувствуван во целиот регион.

Халкидики, познат како сеизмички мирен полуостров и во изминатата година забележа повеќекратна сеизмичка активност на подрачјето на Атос, Света Гора. Покрај тоа, три од земјотресите во серијата биле со јачина од повеќе од четири степени според Рихтеровата скала.

Сеизмолозите будно го следат феноменот уште од минатото лето, а според информациите што ги пренесоа грчките медиуми, причината лежи во активирањето на расед на западниот брег на Света Гора.

Има и различни проценки за неговата должина. Првично имаше информации за расед со димензии од четири до пет километри, но истражувањата на областа, земјотресите и низа други податоци доведоа до заклучок дека раседот е поголем, со димензии близу 10 километри, што ги загрижи експертите, пренесува Еуроњус.

Овој расед се наоѓа на западниот брег на Света Гора на патот од Уранополис до Дафне, во морската област помеѓу вториот и третиот крак на Халкидики.

Веднаш по првиот земјотрес, вчера областа ја погодија уште пет земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,1 степени. Земјотресот бил почувствуван и во Турција, Бугарија и Македонија.

Туристите во Грција во страв: На мобилните телефони им пристигнале детални упатства во случај на катастрофа

ИЗДВОЕНИ