Франција доживува бран штрајкови и протести кои ја парализираат земјата. Причината е нацрт-државниот буџет за 2026 година, кој властите го претставуваат како неопходен чекор за намалување на растечкиот јавен долг, додека синдикатите и граѓаните го доживуваат како напад врз социјалните права.
Според планот на владата, се планираат значителни намалувања на јавните расходи, што би можело да влијае на здравствената заштита, образованието и транспортот. Покрај тоа, реформите на пензискиот систем и евентуалното одложување на пензионирањето предизвикаа дополнително незадоволство кај граѓаните.
Синдикатите бараат богатите и големите корпорации да сносат поголем товар, предупредувајќи на растечката социјална нееднаквост и падот на куповната моќ. Според нивните проценки, буџетот најмногу ќе ги погоди граѓаните со пониски и средни приходи.
Ситуацијата е дополнително комплицирана од политичкиот контекст – новиот премиер Себастијан Ле Корни ја презема функцијата во време кога кредитните агенции го намалуваат рејтингот на Франција, а Брисел бара буџетскиот дефицит да се врати во дозволените граници.
Во таква атмосфера на незадоволство, синдикатите повикаа на масовни протести и штрајкови, а проценките сугерираат дека на улиците би можеле да излезат до 900.000 луѓе.