Персоналните асистенти и негувателите на лицата со посебни потреби се соочуваат со нередовна исплата на нивниот надоместок. Дури вчера им биле исплатени надоместоците за мај и за јуни и сè уште не им е исплатен оној за јули. Како што вели персоналниот асистент Зоран Велевски, ова им се случило и минатата година.
– Нè оставаат без пари. Луѓето живеат од тој приход, а треба да хранат семејства. Освен тоа, имаме и режиски трошоци – изјави Велевски.
Тој додава дека на тој начин и директно се влијае на корисниците, но и на самите услуги што ги даваат. Од Министерството за социјална политика, демографија и млади никој не се обидел да им објасни поради што доцни исплатата на нивните надоместоци, а до затворањето на весникот, не одговорија ниту на нашето прашање
Персоналните асистенти и негувателите на лицата со посебни потреби се соочуваат со нередовна исплата на нивниот надоместок. Дури во средата им биле исплатени надоместоците за мај и за јуни и сè уште не им е исплатен оној за јули.
Како што вели персоналниот асистент Зоран Велевски, ова им се случило и минатата година.
– Нè оставаат без пари. Луѓето живеат од тој приход, а треба да хранат семејства. Освен тоа, имаме и режиски трошоци – изјави Велевски.
Тој додава дека на тој начин и директно се влијае на корисниците, но и на самите услуги што ги даваат.
– Дали да размислуваме како да им го организираме денот на нашите корисниците или за тоа дека нема надоместок? – вели Велевски.
Тој додава дека секој месец подготвуваат извештаи за тоа што го работеле.
За проблемот со неисплатените надоместоци, асистентите се состанале во вторникот, во некогашната канцеларија на претседателот на државата, на „Рекорд“ и доставиле барање до Министерството за социјална политика, демографија и млади да ги наведат причините поради што доцни исплатата на нивните надоместоци, бидејќи дотогаш никој не се обидел да им објасни што се случува навистина.
– Најверојатно, тоа беше причината веднаш наредниот ден да ги исплатат надоместоците за мај и за јуни, а за јули ќе видиме дали ќе биде исплатен до крајот на август – истакна Велевски.
Од Министерството за социјална политика, демографија и млади, до затворањето на весникот, не одговорија која е причината за доцнењето на исплатата на надоместокот на асистентите и на негувателите на лицата со посебни потреби.
(А. П.)