Зорица Брунцлик тешко ја поднесува смртта на својата мајка

97

Популарната балканска пејачка е во жалост.

Популарната балканска пејачка од Белград, Зорица Брунцлик (омилена со хитовите „Не давај да нè разделат“, „Дворови“, „Tежок е овој живот“, „А, тебе те нема“, „Шири ги рацете, мајко моја“, „Се бањам во маки“…), позната и по пинк-боја на косата, никако не може да се помири со тоа дека почина нејзината мила мајка.

– Сè уште не беше стара, пред неа беше животот, што да ви кажам. Смртта не избира, само ненадејно ќе те “симне“ од списокот на живите. Заминуваш и не знаеш за себе во некој друг свет под земјата. Ужас, ужас – вели тешко тажната Брунцлик, видно ослабната, а која, еве, долго време не може да се соземе, да продолжи понатаму. Логично и оправдано на лицето ѝ се забележуваат трагите од повеќемесечната тага.– Мајка ми беше важна и честопати најважна личност во мојот живот. Си замина тивко. Сега ми е тежок овој живот без нејзиното физичко присуство. Немам со кој ни кафе така слатко да се напијам како што пиев со мајка ми.  Многу тажни, емотивни ситуации ги надминав само благодарение на моето потесно семејство. Сопругот Мирољуб Аранѓеловиќ-Кемиш, со кого сум во брак четири децении,   беше тука до мене, ден и ноќ, не сакаше да ме остави сама. Имаше разбирање за мојата болка и тогаш кога плачев по цели денови. И имав ноќни трауми. Свесна сум дека нема да ја вратам мајка ми со плачење, можам само лошо да си направам. А, тоа не е фер кон сопругот, децата и кон внуците.

Што се однесува до работата на естрадата, Зорица вели дека со Мирољуб, на овие свои години, избираат каде ќе бидат, со кого ќе бидат на сцена и колку време ќе бидат.

– Животот брзо поминува, поминува и мојот. Затоа не сакам залудно да се трудам околу секој оној со кој празни ми се муабетите – вели симпатичната Зорка.   (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ