Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии од страна на Судскиот совет.
Димитриевски неколку пати конкурираше за Врховниот суд, но не беше изгласуван.
По него, за кривичната област беше одбрана и Татјана Дуковска, исто така долгогодишна судијка во Апелациониот суд.
За граѓанска област во Врховниот суд доверба од членови доби Маја Маркова, која исто така досега работеше како судијка во Апелација.