Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по добиена информација од медиумите дека во скопската Зоолошка градина угинале три животни од видот лами, спроведе вонреден инспекциски надзор.

На Зоолошката градина изречена и е парична казна од 650 евра во денарска противвредност (500 евра за правното и 150 вера во денарска противвреднност за одговорното лице во правното лице) бидејќи и покрај законската обврска, не пријавиле сомнеж на заразна болест на одгледувалиште.

– Дополнително, наредено и е да изврши дислоцирање и ставање во изолација на две лами кои биле затекнати на одгледувалиштето при надзорот и тоа на место во кое животните ќе немаат контакт со луѓе и ќе биде запазена нивната благосостојба. За две од угинатите животни лабораториски потврдено е дека угинале од заразна болест туберкулоза (зооноза) која може да се пренесе и е опасна и за луѓето. За третото угинато животно по извршениот патолошки преглед се чека и лабораториска потврда на истата болест – информираа од Агенцијата за храна и ветеринарство.

ИЗДВОЕНИ