Легендарната скијачка Линдзи Вон доживеа уште една несреќа, овој пат на Зимските олимписки игри во Кортина, а со тоа очиглено заврши и нејзината кариера.
Вон ја изгуби контролата над скиите на почетокот на спустот и падна, останувајќи да лежи со лицето надолу. Сцената на патеката беше срцепарателна, додека медицинските екипи брзаа да пружат прва помош, вресоците и плачот на легендарната Американка одекнуваа низ планината.
Urla di dolore di #LindseyVonn.
Terribile.#discesalibera#Olympics2026 pic.twitter.com/LJtjBG2lkG— Mila Lucisano (@mila_lucisano) February 8, 2026
На крајот беше евакуирана со хеликоптер, а ужасните сцени продолжија…
The crash of #lindseyvonn #Olympics2026 #Olympics pic.twitter.com/PJtuSCJwcm
— Dreamer (@MCnotHamm3r) February 8, 2026
За време на нејзината блескава кариера, Вон освои три олимписки медали: злато во спуст и бронза во супервелеслалом во Ванкувер, како и бронза во Пјонгчанг во 2018 година.
Нејзиното неодамнешно враќање од пензија и неколку значајни резултати оваа сезона ги поттикнаа надежите дека може да ја заврши кариерата со со уште еден подвиг, но судбината имаше други планови.











