Познатиот руски спортски фотограф Сергеј Киврин (70) се присети на Зимските олимписки игри во Сараево во 1984 година, но не по добро.

  • Сите олимпијади се тешки за работа, но најодвратната беше во Сараево. Беше катастрофално организирана. Живеевме во станови во Прес-селото. Ги зедоа сите наши сувенири, до последната значка. Мислам дека беше од персоналот за услужување. Но, тоа е мала работа. Во уметничко лизгање, му го украдоа фотоапаратот на Роберт Максимов. Точно пред мојот нос. Беше под моите нозе, некој го грабна и избега – се присети Кирвин.

Тој ја пријавил кражбата во полиција, а се вмешал и агент на КГБ.

  • Веднаш се стрчав во полициската станица, им реков да ги блокираат излезите. Професионална камера. Потоа дотрча агент на КГБ и ми рече: „Серјожа, ова е пријателска земја, потребно е Олимписките игри да поминат добро. Ќе предизвикавме скандал во Лос Анџелес, но ова е Југославија… И така го прикрија тоа – додаде Киврин.

ИЗДВОЕНИ