ЗНАМ: Најостро го осудува секој облик на насилство, закани и притисоци врз избрани функционери

46

Градската организација на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија – Скопје најостро го осудува секој облик на насилство, закани и притисоци врз избрани функционери, без разлика на политичката припадност.

Во демократска и правна држава, ваквите појави се недозволиви и мора да бидат санкционирани со полна сила на институциите, за да ја зачуваме вербата во системот и владеењето на правото.

Очекуваме надлежните органи без одлагање да го расветлат случајот, да ги утврдат сите факти и да обезбедат целосна транспарентност пред јавноста.

Политичките разлики се природни и потребни во едно демократско општество, но никогаш не смеат да се претворат во говор на омраза, лични напади или закани.

Веруваме дека Скопје може и мора да се води со разум, достоинство и визија.

Затоа остануваме доследни на вредностите на дијалогот, почитта и зрелото управување, затоа што Скопје заслужува управување кое ги чува неговите корени и го носи кон светла иднина.

ИЗДВОЕНИ