сабота, јануари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Значителна промена на времето од утре

Значителна промена на времето од утре

55

Денеска во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од утре до понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност и ќе има позначителна промена на времето – соопшти УХМР.

Ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 л/м2), проследени со грмежи и засилен ветер.

Дневната температура ќе опадне за 8 до 10 степени во однос на денешната.

Во Скопје, од утре до понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, проследен со појава на грмежи и засилен ветер.

ИЗДВОЕНИ