петок, јануари 30, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Златото „здивна“, паднаа и цените на нафтата

Златото „здивна“, паднаа и цените на нафтата

16

Европските берзански индекси денес се претежно во позитива, цените на нафтата и златото паднаа, додека во фокусот на инвеститорите, покрај заработката на големите компании, се и прелиминарните податоци за економскиот раст на Еврозоната и најголемите европски економии во четвртиот квартал од 2025 година.

Покрај тоа, се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да предложи кандидат за нов претседател на Федералните резерви, а пазарите веруваат дека фаворит е поранешниот гувернер Кевин Ворш, пренесува CNBC.

Американските пазари се исто така фокусирани на сезоната на објавување на заработките, а извештајот за заработките на Apple за првиот фискален квартал покажа силен раст на приходите од дури 16 проценти на годишно ниво, меѓу другото, поради големата побарувачка за iPhone, пренесува Tanjug.

Европските фјучерси за гас за март беа продадени денес на отворањето на берзата TTF по цена од 38.750 евра за мегават-час. Според моменталните податоци, цената на суровата нафта падна на 64.262 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 68.387 долари.

Цената на златото падна на 5.163,03 долари за тројанска унца, а цената на пченицата се искачи на 5,4224 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,19405 долари, што е за 0,27 проценти помалку отколку на почетокот на тргувањето.

ИЗДВОЕНИ