„Златото никогаш не р’ѓа“ и понатаму е темел на сигурна инвестиција во нестабилни времиња

100

Централните банки ширум светот продолжуваат интензивно да купуваат злато како одговор на инфлацијата и слабеењето на фиат валутите. Во првата половина од 2025 година, глобалната цена на златото се зголеми за повеќе од 15%, а според анализата на Златен стандард, овој тренд го одразува континуираниот диверзификациски пристап на девизните резерви, што дополнително влијае на растот на неговата долгорочна вредност.

За разлика од фиат валутите, кои постојано губат вредност поради инфлацијата, златото ја одржува својата реална куповна моќ со текот на времето. Тоа не зависи од монетарната политика и претставува долгорочна стабилна мерка за богатство.

Во услови кога инфлацијата ја намалува реалната вредност на парите, златото останува стабилен чувар на капиталот. Како што довербата во валутите се намалува, а побарувачката за физичко злато се зголемува, златните прачки стануваат попривлечни и за институционалните и за индивидуалните инвеститори.

Анализата на водечките хеџ фондови и глобалните инвестициски фирми од 2024 година покажа дека дури и скромен удел на злато – помеѓу 5% и 10% од портфолиото – може значително да го намали вкупниот ризик. Оваа практика станува сè пораспространета на меѓународните финансиски пазари.

За инвеститорите, ова значи јасна насока: диверзификација на инвестициите преку различни форми на злато – од физички прачки и монети, до сертифицирани инвестициски производи. Златниот стандард обезбедува сигурен и транспарентен пристап кон инвестициите во злато, со гаранција за квалитет и безбедност.

Според прогнозите на „Голдман Сакс“ и „УБС“, цената на златото би можела да достигне над 4.000 долари за унца до крајот на 2025 година, доколку продолжи бранот на глобална економска неизвесност.

ИЗДВОЕНИ