Младите спортисти Огнен Лазески и Марјан Јандриовски од таеквондо клубот „Сила“ се враќаат со златен и со бронзен медал од Балканското првенство во Дупница, Бугарија, со значајни успеси.
Огнен стана балкански шампион по убедливи победи против претставниците на Босна и Херцеговина и Косово, додека Марјан Јандриовски го освои бронзениот медал.
– Тоа само е потврда за квалитетот на нашата млада генерација – соопштија од Општина Ѓорче Петров.
Оттаму додаваат дека гордо стојат зад своите шампиони и продолжуваат да го поттикнуваат развојот на спортот и на младите таленти.












