Во последните десет дена, младиот информатичар, средношколец од Кочани, Владимир Грчев, ја продолжи својата успешна приказна и повторно постигна одлични резултати.
Од Букурешт, Романија, тој се врати со златен медал од престижниот меѓународен натпревар „Stelele Informaticii 2025” (Ѕвезди на информатиката), каде ги одмери силите со најдобрите млади умови од светот.
Неколку дена подоцна, во Ларнака, Кипар, Грчев беше дел од репрезентацијата на Македонија и освои бронзен медал на Јуниорската балканска олимпијада по информатика (JBOI 2025).
Со овие два медала, Владимир Грчев ја заокружува 2025 како својата најуспешна година досега.






