Македонскиот боксер Ален Рустемовски го освои трофејот „Златниот гонг“. Русетмовски ја прикажа најдобрата борба на турнирот и успеа да ја запали публиката во „Борис Трајковски“ и на нозе да го дочека крајот на мечот. Најдобриот македонски боксер славеше со едногласна одлука на судиите против Англичанецот Џозеф Тарнер.
„Чест и вистинска привилегија е да се освои трофејот „Златен гонг“. Овој турнир има долга историја и голема тежина — и денес моето име се запиша меѓу шампионите“, напиша на Фејсбук најдобриот македонски боксер Ален Рустемовски по освојувањето на Златниот гонг.
„Гордо го носам ова признание како доказ за секој тренинг, секоја жртва и борби што никој не ги гледа. Ова не е само трофе, ова е момент што ќе го паметам цел живот. За Македонија!“, додаде новиот шампион на меѓунсродниот турнир „Златниот гонг“
За најдобар македонски боксер на турнирот е прогласен Адријан Рустемовски, додека Даврон Бозоров е најдобар странски боксер, а најтехничар е Џозеф Тарнер од Англија. Михал Мунетан од Моладавија е најдобар тренер, а Роберт Винеман најдобар судија.
Резултати финале Златен гонг: 55 кг Емануел Коцо (Албанија) – Кристијан Коцо (Албанија) 0:5, 60 кг Ален Рустемовски (Македонија) – Џозеф Тарнер (Англија) 5:0, 60 кг Стефан Петрушевски (Македонија) – Адријан Рустемовски (Македонија) 0:5, 65 кг Ибрахим Мезани (Албанија) – Амардип Синг (Англија) 0:5, 70 кг Емин Јилдиз (Австрија) – Лехцун Антон (Молдавија) 5:0, 70 кг Наум Стојаноски (Македонија) – Рио Гордон (Англија) 0:5, 75 кг Алперен Јилмаз (Турција) – Даврон Бозоров (Молдавија) 0:5, 80 кг Никола Кисковски (Македонија) – Лаки Аимуфуа (Австрија) 0:5, 85 кг Кристијан Иванов (Бугарија) – Дивин Омојор (Англија) 0:5, 90 кг Патрик Плантич (Храватска) – Андреј Заплинај (Молдавија) 0-5












