„Златниот човек“ на Зеленски е во бегство! Се бара за 86 милиони евра, неверојатно што е пронајдено во неговата куќа

205
EPA/OLIVIER MATTHYS

Украинскиот бизнисмен Тимур Миндич, близок соработник на претседателот Володимир Зеленски, избега во странство кратко пред апсењето во скандал вреден 86 милиони евра. Во неговата куќа во Дњипро, истражителите пронајдоа тоалетна школка и биде од чисто злато, механизми од скапоцен метал, држач за хартија и четка, како и кеси полни со банкноти од 200 евра.

Според изворите, Зеленски го прославил својот роденден во таа куќа во 2021 година. Миндич долго време бил под заштита на олигархот Игор Коломојски, кој сега е во затвор за перење пари.

Неговите бизниси се движеа од вештачки ѓубрива и дијаманти до медиуми и енергетика. Како сопственик на продуцентската куќа „Квартал 95“, тој го поврза Зеленски со Коломојски, клучен финансиер на неговата изборна кампања.

Истрагата откри дека Миндич го контролирал перењето и дистрибуцијата на пари од енергетскиот сектор, додека неговите луѓе држеле важни позиции во владата.

Додека неговиот роднина Леонид Миндич не успеа да избега со 14 милиони евра, Тимур избегна апсење со помош на Андриј Сињук, заменик-директор на специјалното обвинителство за борба против корупцијата.

ИЗДВОЕНИ