Холандската сензација во брзо лизгање, Јута Лирдам, стана една од главните ѕвезди на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Лирдам го освои својот прв златен олимписки медал на 1000 метри, а потоа освои сребрен медал на 500 метри.
Холанѓанката нема да присуствува на церемонијата на затворање на Игрите, но ужива со својот свршеник, Џејк Пол. Во видеото, Пол ја носи на рамена, додека Јута има два олимписки медали околу вратот.
View this post on Instagram
Пол, кој срдечно ја бодреше во текот на целото натпреварување, се погрижи нејзиното заминување од Италија да биде во согласност со нејзиниот златен статус. Под објавата, тој напиша: „Отсега, викајте ме свршеникот на Јута Лирдам“.
Холандските медиуми ја критикуваа Лирдам затоа што патувала на Олимписките игри со приватен авион и престојувала одвоено од остатокот од националниот тим и затоа што ја пропуштила церемонијата на отворање. Реакциите под објавата на „Тик-ток“ беа мешани. Додека некои им честитаа на Пол и на Лирдам, многу корисници оставија и саркастични коментари.












