понеделник, јануари 26, 2026
Дома БАЛКАН Златна треска го зафати регионот: Канаѓаните открија големо наоѓалиште на злато и...

Златна треска го зафати регионот: Канаѓаните открија големо наоѓалиште на злато и сребро во БиХ

127
Фото: pexels

Канадската компанија „Тера Балканика Рисорсис“ (Terra Balcanica Resources). ронајде „ветувачки“ количини злато и сребро во источна Босна, што отвора перспективи за понатамошно истражување и развој на скапоцени метали, објави оваа компанија, која спроведува истражувања во Босна и Херцеговина од 2017 година.

На локацијата Брежани, во општина Соколац, дупчењата открија 0,43 грама злато на тон почва на длабочина од само 12 метри под површината. Како што објави „Тера Балканика Рисорсис“, овие наоди го прошируваат познатото наоѓалиште на злато за дополнителни 170 метри и покажуваат дека оваа област има голем потенцијал. Покрај тоа, истражувањата открија и високи концентрации на сребро, а резултатите покажуваат до 60 грама на тон почва на поголеми длабочини.

Значително поголеми количини се пронајдени на локацијата Чумавиќи, каде што се регистрирани 186 грама сребро на тон почва на длабочина од 58 метри, што потврдува дека ова наоѓалиште има и висок потенцијал за идни истражувања, се вели во соопштението.

Од 2017 година, компанијата „Тера Балканика Рисорсис“ спроведува истражувања на неколку локации во источна Босна. Оваа област е геолошки интересна поради магматските и хидротермалните процеси што создадоа услови за таложење на скапоцени метали. Компанијата спроведува слични истражувања во Канада и Србија.

ИЗДВОЕНИ