Златан слушна што се зборува за Меси, па „експлодираше“

836
epa11761049 Swedish former soccer player and AC Milan's senior advisor Zlatan Ibrahimovic looks on during the Italian Serie A soccer match between Atalanta BC and AC Milan, in Bergamo, Italy, 06 December 2024. EPA-EFE/MICHELE MARAVIGLIA

Златан Ибрахимовиќ застана во одбрана на Лионел Меси откако легендарниот Аргентинец доби огромни критики за поразот на Интер Мајами од ПСЖ со 4:0 во осминафиналето на Светското клупско првенство. Неочекувано, Ибра застана во одбрана на Лео и жестоко ги нападна критичарите.

Аргентинецот се соочи со многу критики после тоа, имаше многу навреди кон 38-годишната легенда, но потоа се огласи техничкиот директор на италијанскиот калчо гигант Милан.

Ибра застана во одбрана на својот поранешен соиграч од Барселона и беше исклучително суров кон критичарите.

„Поразот бил на Меси? Не, не. Не зборувајте како да е негова вината. Меси не загуби. Интер Мајами загуби“, изјави Златан и продолжи:

„Го видовте ли тој тим? Меси игра со статуи, а не со соиграчи. Да играше за вистински тим, ПСЖ, Манчестер Сити, кој било од големите тимови, ќе видевте вистински лав.“

„Меси игра само затоа што ја сака играта и затоа што сè уште може да го направи она што 99 проценти од фудбалерите не можат. Сепак, тој е опкружен со оние кои трчаат наоколу како да носат вреќи со цемент на грб.“

„Нема тренери, нема ѕвезди, дури ни играчи кои разбираат како да се движат без топка. Дали сакате да го обвините Меси? Ако игра со Роналдо, Мбапе, Халанд, Златан, тогаш можете да зборувате, но вака – не, не, не и не.“

„Ако му го дадете вистинскиот тим, тој повторно ќе го запали стадионот. Едноставно кажано, Меси е сè уште Меси. Денес не е негов пораз, туку пораз на Интер Мајами и фудбалот“, заврши Ибракадабра.

ИЗДВОЕНИ