
Откако Златан Ибрахимовиќ се грижи за трансферите на Милан, овој тим почнува да игра сè подобро и подобро, и моментално се на третото место во Серија А, само два бода зад лидерот Интер.
„Росонерите“ направија одличен потег ова лето кога го доведоа Лука Модриќ, кој го напушти Реал (М) по 13 години, а неговото потпишување е повеќе од голем успех.
Многумина мислеа дека е меч со две острици бидејќи искусниот Хрват веќе има 40 години, но Модриќ покажа дека и покрај ова, сè уште игра на врвно ниво.
Сепак, јасно е дека на Милан сега му се потребни засилувања во нападот и затоа Ибрахимовиќ работи со полна пареа на ова, а неговата цел е да ја заврши работата во јануари.
Се појавија информации дека Ибрахимовиќ сака да донесе спектакуларно засилување во Милан и дека го таргетира Роберт Левандовски од Барселона.
Полјакот има договор со Каталонците до крајот на сезоната и постојат големи шанси соработката да не биде продолжена бидејќи има многу шпекулации дека Барселона сака да доведе помлад напаѓач како замена.
Иако Левандовски рече дека ќе почека до последен момент Барселона да донесе одлука, се чини дека ситуацијата би можела да се промени бидејќи поканата од „Сан Сиро“ не се одбива толку лесно.
Каталонски портал „Спорт“ објави дека Ибрахимовиќ веќе почнал да се распрашува за Левандовски и се надева дека Барселона би можела да се согласи да го продаде во јануари за да избегне негово слободно заминување следното лето.
Исто така, Ибрахимовиќ е подготвен да почека до крајот на сезоната за да го доведе Левандовски, но примарната цел е да се обиде да го потпише Полјакот во зимскиот преоден рок.
Нема сомнение дека Левандовски би бил огромно засилување за „росонерите“ во остатокот од сезоната, бидејќи им недостига вистински и докажан класичен напаѓач.
Се очекува Милан наскоро да го контактира неговиот агент за да види дали Лева е заинтересиран да дојде на „Сан Сиро“ во јануари.
Доколку добијат зелено светло од искусниот Полјак, би можеле да видиме голем трансфер на почетокот на зимскиот преоден рок.











