Пејачката Џенифер Лопез уште еднаш покажа дека дисциплината и напорната работа носат здрав и успешен начин на живот.
Мултиталентираната ѕвезда сподели неколку селфиња од теретана на својот Инстаграм профил, кој го следат 246 милиони следбеници.
Латино дивата позираше пред огледало во тесна, темно виолетова облека за вежбање која ги истакнуваше нејзините затегнати стомачни мускули, бутови и совршени гради.

Таа сподели мотивациска порака со фотографиите: „Целта е јасна. Да бидеме подобри од вчера. Секој ден“.
View this post on Instagram
Пејачката во последните години промовира здрав начин на живот и вели дека сè повеќе обрнува внимание на своето физичко и ментално здравје.
Уште еднаш, таа покажа дека на 56 години сè уште доминира на сцената и дека постојаноста е нејзин најсилен адут, без разлика дали е на црвениот тепих или во теретана.











