
Ривалот од Премиер лигата, тимот на Евертон, со посебно внимание ја следи ситуацијата околу холандскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе. Младиот напаѓач повеќе не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и затоа веќе ги разгледува сите понуди кои веќе пристигнаа на неговата адреса.










