Зимско работно време на паркинзите за зонско

43

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ги известува граѓаните дека од утре започнува зимското работно време на јавните површини наменети за зонско паркирање со кои тоа стопанисува.

Работното време во зоните А, Б, Ц ќе биде: од понеделник до петок – од 07:00 до 21:00 часот, сабота: од 07:00 до 14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува непроменето, односно: од понеденик до сабота – од 07:00 до 23:00 часот.

Од  ЈП „Градски паркинг“ им препорачуваат на сите корисници на нивните услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време.

ИЗДВОЕНИ