Во рамки на новоизградениот парк-плоштад во населеното место Марино, викендов официјално започна новогодишната програма на „Патека на радоста“, реализирана под покровителство на Општина Илинден и во организација на неколку општествено одговорни компании.

– Првиот ден на посетителите им понуди богата и разновидна програма наменета за сите генерации. Најмалите имаа можност да се запознаат и да се дружат со Маша и Медо, да уживаат во танцови изведби и да следат извонредно магионичарско шоу. Празничната атмосфера дополнително ја збогати настапот на познатиот македонски изведувач Тони Зен – соопштија од Општина Илинден.

Оттаму додаваат дека настанот бил исклучително посетен, а прекрасната новогодишна декорација и внимателно осмислената програма придонеле за вистинска празнична атмосфера исполнета со радост, дружење и позитивна енергија.

ИЗДВОЕНИ