Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Утринската температура ќе се движи во интервал од мунис девет до минус два Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од еден до девет степени.
Во Скопје, според синоптичарите, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб ветер кој ќе дува од променлив правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до четири Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи за време на викендот се очекуваат нови врнежи, кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во пониските места од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови од земјата, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
За в недела и понеделник од Управата најавуваат појава на умерен до засилен северен ветер, кој наместа ќе дува и со брзина од над 60 километри на час. Температурите значително ќе се намалат и веќе во недела и во понеделник на повеќе места и преку ден ќе останат под нулата а наутро температурите на многу места ќе се спуштаат до околу и под -10 степени а локално и до околу па и под -15 степени. На планинските места температурата се очекува температурата да се спушти дури до околу -20 степени.












