недела, февруари 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Зимата не се предава, а и прогнозата не ветува! Македонија во жолта...

Зимата не се предава, а и прогнозата не ветува! Македонија во жолта предупредувачка фаза

609

Поради влијанието на длабокиот циклонски систем со центар над Џеновскиот залив целата територија на Македонија од денеска ќе биде во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни и поројни врнежи од дожд, локални грмежи, и силен јужен и југоисточен ветер кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

На планините над 1400/1500 метри надморска височина во западните и во северозападните предели од Македонија врнежите ќе бидат од дожд и од снег или од влажен снег.

Локално ќе наврне значително количество на воден талог и тоа над 30 литри на метар квадратен воден талог за 24 часа. Локално овие атмосферски процеси ќе бидат застапени и во форма на невреме.

Поради очекуваните нови обилни дождови во Македонија постои ризик од ново излевање на реките особено во западна и во северозападна Македонија каде врнежите ќе бидат најобилни па така со ова постои ризик од нови локални поплави. Апелирам особено внимателни да бидат возачите  и да не се движат покрај водотеците.

Времето во следните денови

Во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Во вторник и среда ќе дува засилен северен ветер (над 60 km/h).

ИЗДВОЕНИ