Најниската утринска температура во земјава денеска е измерена на Попова Шапка, каде се измерени -8 степени Целзиусови. Под нулата утринава било и во Крушево и Маврови Анови со -4 степени, додека во Берово и Претор се измерени -1 степен.
Нулта температура е измерена во Крива Паланка, Охрид, Битола и Прилеп. Во Штип и Виница се измерени 2 степени, а во Тетово, Куманово и Струмица 3 степени.
Во Скопје – Зајчев Рид, како и во Кавадарци и Демир Капија се измерени 4 степени, додека во Скопје-Петровец и Велес температурата достигнала 5 степени. Најтопло утринава било во Гевгелија со 6 степени.
Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Струмица, 13 литри на метар квадратен, по што следуваат Берово со 11 и Претор и Гевгелија со по 8 литри. Врнежи се регистрирани и во Демир Капија, Битола, Тетово, Пожаране, Крушево, Прилеп, Скопје-Петровец, Крива Паланка, Штип, Виница и на други мерни места низ земјава.
Највисока снежна покривка има на Попова Шапка со 97 сантиметри снег. Во Маврови Анови се измерени 3 сантиметри снежна покривка, во Берово 2, а во Ѓуриште 1 сантиметар.












