Зима, како и секоја – без знаци дека ќе биде најстудената досега!

89

Изминатиов подолг период се повеќе се најавува дека пред нас е зима на векот или следува најладната зима досега. Прогностичките модели не го кажуваат тоа и не даваат такви знаци. Прогностичките модели укажуваат на тоа дека зимата 2025/2026 година ќе биде потопла за еден до два степени од 30 годишниот просек. Сепак со оглед дека оваа зима ќе биде Ла Ниња зима, односно на Пацификот е активен климатолошкиот ладен феномен Ла Ниња, па токму поради ова претстојната зима може да биде малку поладна само од последните неколку години, но не и најладна досега или зима на векот, таквата зима е далеку од нас.

Секако Ла Ниња оваа сезона ќе придонесе за повеќе врнежи како од дожд така и од снег, тоа значи дека снегот оваа зима ќе биде почеста појава кај нас и се очекува поснежна зима со поголем број на снежни денови, особено во повисоките населени места, планините и на скијачките центри. Поради Ла Ниња, растат условите да се соочиме и со повремени поголеми студови кои би предизвикале да имаме исклучително ниски температури на воздухот.

Исто така, Ла Ниња се очекува да донесе повеќе снег и во Скопската котлина и широкиот дел од Скопскиот регион.

Инаку, сезонските метео анализи служат како резерва околу тоа како би се одвивале временските услови и развојот на временската состојба во Македонија. Секако истите не се во целост сигурни и поради тоа што се работи за долгорочно анализирање на времето промени во анализата секако дека се можни. Како што пишува Метеоаларм, и пократкорочните метео анализи се со поголема веројатност за остварување, односно можност за остварување и за повеќе од 90 отсто.

ИЗДВОЕНИ