Зи-Зу има ново работно место

50
epa11384331 Former Real Madrid head coach and player Zinedine Zidane pictured before the UEFA Champions League final match of Borussia Dortmund against Real Madrid, in London, Britain, 01 June 2024. EPA-EFE/NEIL HALL

Како што стојат работите, Зинедин Зидан, се враќа на тренерската работа, четири години подоцна откако ја напушти клупата на Реал (М).

Легендарниот Французин, кој има 53 години, е без работа откако го напушти шпанскиот гигант на крајот од сезоната 2020/21.

Сега, според „Диарио Ас“, тој договорил сè околу неговата нова работа и неговата презентација е само прашање на време.

Според овој медиум, Зинедин Зидан ќе биде новиот селектор на француската репрезентација, за која одигра над 100 натпревари.

Претходно, актуелниот селектор на Франција, Дидие Дешамп, објави дека ќе ја напушти оваа позиција по завршувањето на Светското првенство следната година.

„Во 2026 година се ќе биде завршено. Сè ми е многу јасно во главата. Ја завршив мојата работа, сето ова време, и 2026 година е совршено време да престанам. Морам да бидам подготвен за тоа, има живот по ова. Најважно за Франција е да остане на врвот каде што беше со години“, изјави во јануари  Дешамп.

Зидан ќе го наследи својот поранешен репрезентативен колега како селектор на Франција и ќе се обиде да постигне уште подобри резултати.

Дешамп ја предводеше Франција до врвот на светот во 2018 година, а играше и во големото финале со Аргентина во 2022 година.

Зидан го освои Светското првенство со Франција како играч во 1998 година, а во својата тренерска кариера беше доминантен со Реал (М).

Ги освои титулите во Ла Лига во сезоните 2016/17 и 2019/20, но она што го направи во Лигата на шампионите е поимпресивно. Имено, Реал (М) три пати по ред ја освојуваше Лигата на шампиони и е единствениот тренер во светот на кого му успеало тоа.

Токму затоа беше чудно што не беше дел од фудбалскиот свет четири години, секако во улога на тренер, но очигледно е дека ја чекаше работата во француската репрезентација.

 

ИЗДВОЕНИ