Диого Жота загина во сообраќајна несреќа во четвртокот, а неговата последна објава на социјалните мрежи е трогателна. Само неколку часа пред смртта тој објави видео од себе заедно со својата сопруга.

  • Ден што никогаш нема да го заборавиме, објави Жота, со фотографија од својата венчавка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diogo Jota (@diogoj_18)

Жота (28) се ожени пред неполни две недели, поточно на 22 јуни. Со неговата сопруга и долгогодишна партнерка Руте Кардозо има три деца.

Несреќата се случила на 65-тиот километар од автопатот А-52, во општината Паласиос де Санабрија, објави „Марка“. Тој бил во автомобилот со својот брат Андре (26) и двајцата починале на самото место. Според првичните информации, тие наводно излетале од патот, автомобилот се запалил и набрзо се проширил на блиската вегетација.

ИЗДВОЕНИ