Фудбалерот на Ливерпул и Португалија, Диого Жота, загинал заедно со својот помлад брат Андре Силва, фудбалер на Пенафиел, во сообраќајна несреќа на автопатот А-52 во шпанската покраина Замора. Местото на несреќата претходно било опишано како „едно од најопасние во Шпанија“, познато по бројните несреќи и големиот број сообраќајни прекршоци.

Роден во Гондомар, Жота го поминувал летниот одмор во северна Шпанија откако ја освоил титулата во Премиер лигата со Ливерпул. Тој се оженил со својата долгогодишна девојка Руте Кардосо во Порто само две недели претходно и бил на пат кон Велика Британија во времето на несреќата.

Немало помош за Жота и неговиот брат

Несреќата се случила кога нивното Ламборџини излетало од патот поради дупната гума при престигнување на автопатот А-52 во близина на Чернадиља, во близина на португалската граница. Службите за итни случаи потврдија дека двете лица починале на местото на несреќата.
„На местото на несреќата беше испртена Службата за итна медицинска помош (УМЕ) и лекари од матичната здравствена заштита од Здравствениот центар Момбуеј, кои ја потврдија смртта на двете лица на местото на несреќата“, се вели во соопштението.

Патот А-52 е познат по тоа што е опасен

Патот каде што се случи несреќата има многу лоша репутација и е познат во регионот како област каде што сообраќајните несреќи се чести поради „неодговорно возење“, пишува „Ла Опин де Замора“, како што објави „Мејл Онлајн“. Само во 2020 година, на тој дел од патот беа издадени речиси 15.000 казни за пребрзо возење.
Затоа пред четири години беше започната кампања за подигање на свеста за опасностите од возење по тој пат и неговите чести места на несреќи. Острите кривини и честите видувања на диви животни дополнително ја влошуваат ситуацијата, а анкета спроведена од Шпанското здружение на потрошувачи и корисници покажа дека возачите го сметаат А-52 за еден од најлошите патишта во земјата.

Испитаниците во анкетата изразија загриженост за општата состојба на патот, недостатокот на безбедносни бариери и големиот број патни работи. Вкупно 1.259 возачи учествуваа во анкетата и сите посочија на истите проблеми.

Замора, каде што се случи трагедијата, е позната по својот груб и ридест терен. Покрај тоа, патот А-52 поминува низ планинските области на северна Шпанија, а дополнителни проблеми се предизвикани од честа магла и недоволно осветлување.

На Жота не му било дозволено да лета поради операција на белите дробови, па затоа морал да вози.
И покрај сите недостатоци, овој пат сè уште го користат голем број возачи кои патуваат по него до пристаништата Сантандер и Билбао. Жота, по неодамнешната операција на белите дробови, се враќал во Англија за да се придружи на подготовките за новата сезона 2025/2026.

Според „Метро“, на Жота и неговиот брат – кој играше во втората лига на Португалија – не им било дозволено да летаат поради медицинска забрана по операцијата на Жота, па затоа решиле да возат до Сантандер и таму да се качат на траект. Си – Ен -Ен Португалија го цитира новинарот Руи Лаура:

„Тој имал операција на белите дробови и лекарите му советувале да не лета. Тој бил на пат кон пристаништето Сантандер за да се качи на траект за Обединетото Кралство и да го продолжи своето патување со автомобил по пристигнувањето.“

ИЗДВОЕНИ