Целата територија на Македонија денеска се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради обилните врнежи и силен ветер кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час.
Токму поради ова повторно расте ризикот од нови поплави во Македонија и излевања на реките особено во западните и во северозападните предели од Македонија каде локално ќе наврнат нови над 30 литри на метар квадратен воден талог за 24 часа.
Според прогнозата на УХМР денеска ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец.












