–Штом намирисаат чад, веднаш бегаат и се кријат. Животните имаат природен инстинкт за тоа и одат на безбедни места, освен побавните како што се: желката, ежот – објаснува директорот на НП „Јасен“, Ангеле Сотировски. Портпаролот во Дирекцијата за заштита и спасување, Илија Бојаровски, пак, додава: „Штом има пожар, следете ги животните каде одат и ќе бидете на сигурно“.  

Севкупните штети од сите досегашни пожари сè уште се проценуваат. Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, вели дека според првичните процени, бидејќи нивни екипи се ангажирани и на гаснење на пожарите, до пред крајот на јуни е изгорена површина од 9.000 хектари со која тие стопанисуваат. Смета дека тоа не е фрапантна бројка, бидејќи како што наведе, во Македонија има површина од 960.000 хектари со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, од кои 300.000 хектари се приватно земјиште

 

Пожарот во Националниот парк „Јасен“ и понатаму претставува најголем проблем. Тој гори повеќе денови, а сите национални сили се сконцентрирани на негово гаснење. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека и денеска во НП „Јасен“ освен што се гаснел огнот, се работело и на правење на противпожарен појас и на чистење на вегетацијата, за да се запре пожарот.

Засега, за штетите кои огнот ги предизвика во ова ловиште сè уште нема процени. Директорот на „Јасен“, Ангеле Сотировски, вели дека во моментот со сите сили се сконцентрирани да го изгаснат огнот, но кога ситуацијата ќе се смири ќе имаат податоци за тоа колкави се штетите што ги предизвикаа пламените јазици на овој национален парк кој спаѓа во категоријата на посебни природни предели, формирани заради заштита на определени биоценолошки, флористички, фаунистички, геолошки и хидролошки природни реткости.

–Треба да се седне со мирна глава за да направи процена на штетите – дециден е Сотировски.

Огнот ги вознемири животните во овој природен резерват меѓу кои има диви кози, мечки, рисови и други, а од птиците: пештерка (Tetrastes bonasia), белоглав мршојадец и був. Според Сотировски, животните што живеат во „Јасен“ самите одат на сигурно и бегаат од пожарот.

– Штом намирисаат чад, веднаш бегаат и се кријат. Тие имаат природен инстинкт за тоа и одат на безбедни места, освен побавните, како што се: желката, ежот – објаснува Сотировски. Портпаролот во Дирекцијата за заштита и спасување, Илија Бојаровски, пак, додава: „Штом има пожар, следете ги животните каде одат и ќе бидете на сигурно“.   

Од пожарот настрадаa и непроценливи природни реткости во овој национален парк.

И севкупните штети од сите досегашни пожари сè уште се проценуваат. Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, вели дека според првичните процени, бидејќи нивни екипи се ангажирани и на гаснење на пожарите, до пред крајот на јуни е изгорена површина од 9.000 хектари со која тие стопанисуваат. Смета дека тоа не е фрапантна бројка, бидејќи како што наведе, во Македонија има површина од 960.000 хектари со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, од кои 300.000 хектари се приватно земјиште.

– Пожарот во Гостивар завчера зафати површина од 2 до 3 хектари, а во пожарот во Николиќ – општина Дојран беа зафатени 2.000 хектари, но тоа беа многу слаби деградирани грмушки, додека во пожарот кај Готен, во Струмица беа зафатени 2.000 хектари, во Радовиш – 1.000, исто толку и во Берово и 650 хектари во пожарот во Прилеп.

– Во споредба со лани, тоа е многу малку, бидејќи тогаш изгоре површина од 61.000 хектари – наведе Михаилов.

Инаку, од почетокот на годината до крајот на јуни според Михаилов имало 54 пожари, а само во јули имало 51 пожар.

– Во јули имавме 550 пожари на отворен простор, од кои 51 беа шумски – наведе  Михаилов.    

Инаку, според Центарот за управување со кризи (ЦУК) вчера до 13 часот на територијата на државата имало 11 пожари на отворен простор од кои седум се активни, а четири биле изгаснати.

Освен пожарот во НП „Јасен“, општина Македонски Брод, активни се и пожарите во општина Струга – село Подгорци, каде гори нискостеблеста шума, во општина Долнени – село Лажани каде гори ниска вегетација, во општина Прилеп – село Беловодица, место викано Ливада и село Лењиште, каде гори букова шума, во општина Боговиње – село Оловјане, каде гори ниска шума, општина Студеничани во селото Батинци, каде горат ниска вегетација и ѓубре, и во селото Горно Количани, планински врв Китка, каде гори мешана шума.

Изгаснати биле четири пожари: во општина Маврово и Ростуше, во селото Церово, во општина Ѓорче Петров – село Орман, во Општина Струга – селата Велешта и Белица и во општина Липково – селата Слупчане и Ваксинце.

(А.П.)    

 

ИЗДВОЕНИ