Мештани на селото Љубојно, Преспанско, веќе 80 дена протестираат против сечата на шумата во коријата над селото. Се плашат дека со соголување на планината ќе се појават свлечишта и поплави при обилни врнежи, и дека може да дојде до контаминирање на резервоарот со вода од кој се снабдува селото. – Уште колку долго треба да стоиме на дожд и ветер, додека некој конечно нè чуе? Стоиме 80 дена и уште ќе стоиме додека правдата не пушти корен, вели Бети Котовчевска.
Од Шумското претпријатие велат дека шумата е зрела да се исече, затоа што ќе почне сама да се уништува. Процедурата за вакви стари шуми е да се оди со проред на дрвјата, со цел да може на тој простор повторно да никнат млади дрвца. Сметаат дека треба да се разговара со населението и да им се објасни дека е потребна таква сеча, бидејќи во иднина штетата ќе биде на страната на сите.
Мештани на село Љубојно, Преспанско, веќе 80 дена протестираат против сечата на шумата во коријата над селото. Под нивниот притисок, пред дваесетина дена беше стопирано соголувањето на планината, но најупорните жители на селото и натаму се секојдневно на терен затоа што сè уште немаат официјален одговор од институциите дали, откако ќе се тргнат од протестите, во иднина ќе продолжи повторно да се сече шумата.
– Уште колку долго треба да стоиме на дожд и на ветер, додека некој конечно нè чуе? Вие што треба да работите за народот, молчите 80 дена. Ова не е борба против луѓе, туку против бездушноста. Секоја капка дожд што паѓа врз нас е благослов од земјата, знак дека не сме сами. Шумата нè слуша, реките нè чувствуваат, планините стојат со нас. И ќе стоиме додека правдата не пушти корен – вели Бети Котовчевска.
Станува збор за дабова шума стара по 40-45 години и нејзината сеча била предвидена во Посебниот план за стопанисување со шуми. Според планот, било предвидено да се исечат преку 4.000 кубни метри нискостеблеста дабова шума од два оддели, а до забраната се исечени нешто повеќе од 1.500 кубни метри. Жителите не дозволуваат ниту едно дрво да се подигне од локацијата и бараат од надлежните да донесат забрана за сеча во наредните 50 до 100 години.
Од Владата неодамна информираа дека ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со ЈП „Национални шуми” ја разгледуваат можноста за изменување и дополнување на Посебниот план за стопанисување со шуми за Шумско Стопанска единица „Пелистер-Брајчино“. Оттаму истакнаа дека овој процес се спроведува со цел да се излезе во пресрет на барањата на локалното население.
Од Шумското претпријатие велат дека шумата е зрела да се исече, затоа што ќе почне сама да се уништува. Процедурата за вакви стари шуми е да се оди со проред на дрвата, со цел да може на тој простор повторно да никнат млади дрвца. Сметаат дека треба да се разговара со населението и да им се објасни дека е потребна таква сеча бидејќи, во иднина, штетата ќе биде на страната на сите.
Жителите се плашат дека со соголување на планината ќе се појават свлечишта и поплави при обилни врнежи, и дека може да дојде до контаминирање на резервоарот со вода од кој се снабдува селото. Инаку, исечените дрва, според планот, се наменети за снабдување на локалното население со огревно дрво.
(С. Бл.)












