Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој присуствуваше на протестот, упати критики кон надлежните институции, особено кон Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Според него, локалната самоуправа нема законска надлежност за справување со проблемот со говедата, иако, како што рече, жителите често бараат решителна акција за заштита на своите имоти и стопанства и да се најде решение на проблемот.
На критиките на Митовски, пак, најостро реагираше Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Во соопштението се потсетува дека градоначалникот погрешно ја презентирал својата надлежност: согласно со Законот за јавна чистота, Општината има обврска за контрола на јавните површини и чувањето и пасењето крупен добиток. АХВ наведува дека ако сакал, Митовски можел да го реши проблемот досега, со или без помош од поранешни функционери
Жителите на селата околу Крива Паланка вчера одржаа мирен протест пред општинската зграда, поради долгогодишниот проблем со неконтролираното движење говеда, кое предизвикува штети на нивите и на приватниот имот и ја загрозува безбедноста на заедницата. Протестот беше организиран од жителите на Трново, Добровница, Узем, Кркља, Варовиште, Дрење, Станци и од другите околни населби, кои повеќе од 15 години наводно се соочуваат со истиот проблем. Парцелите биле уништувани, посевите изгубени, а безбедноста на семејствата доведена во прашање, велат учесниците на протестот.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, присуствуваше на протестот и упати критики кон надлежните институции, особено кон Агенцијата за храна и ветеринарство. Според него, локалната самоуправа нема законска надлежност за справување со проблемот со говедата, иако, како што рече, жителите често бараат решителна акција за заштита на своите имоти и стопанства.
– Без да се дава политички контекст, тука сме да алармираме дека, конечно, треба да се најде решение на проблемот – изјави Митовски по протестот.
На критиките на Митовски, пак, најостро реагираше Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Во соопштението се потсетува дека градоначалникот погрешно ја презентирал својата надлежност: согласно со Законот за јавна чистота, Општината има обврска за контрола на јавните површини и чувањето и пасењето крупен добиток. АХВ наведува дека ако сакал, Митовски можел да го реши проблемот досега, со или без помош од поранешни функционери.
Агенцијата додава дека говедата „ниту се размножиле во толку голем број за краток период“ и дека нивното собирање не може да биде инстантно, особено со оглед на тоа што Општината не соработува со АХВ и покрај тоа што е подеднакво одговорна за решавање на проблемот.
АХВ повикува Митовски да почне да го почитува Законот и да соработува со институцијата за да се најде трајно решение за проблемот со кој се соочуваат жителите. Како што наведуваат од Агенцијата, и во наредниот период ќе продолжат активностите за собирање на животните, во интерес на граѓаните на Општина Крива Паланка.
Овој протест и реакциите на институциите ја потенцираат фрустрацијата на локалните заедници поради долготрајното нерешавање на проблемот, но и потребата од појасна координација и преземање ефективни чекори од надлежните.












