Жестока преписка меѓу Орбан и Туск! „НА ЧИЈА СТРАНА СТЕ?!“ „Сакате да ја добиете војната за која верувате дека е ваша!“

141
Фото: EPA

Додека трае самитот на европската политичка заедница во Копенхаген, унгарскиот и полскиот премиер, Виктор Орбан и Доналд Туск, разменија мислења на социјалната мрежа X.

– Премиере Виктор Орбан, токму Русија ја започна војната против Украина. Таа одлучи да живееме во време на војна. А во такво време, единственото прашање е – на чија страна сте – напиша Туск на социјалната мрежа X.

По еден час, пристигна одговорот на унгарскиот премиер, кој напиша дека Русија и Украина се во војна, но дека Унгарија не е.

– Почитуван премиере Доналд Туск, разбирам дека цврсто стоите на страната на Украина. Ве молам разберете дека цврсто стоиме на страната на Унгарија. Вашето прашање е кој ќе ја добие војната меѓу Русија и Украина. Моето прашање е како можеме да ја завршиме војната, да спасиме десетици илјади животи и да обезбедиме безбедност за Унгарците. Вие сакате да ја добиете војната за која верувате дека е ваша. Сакам да обезбедам мир – напиша Орбан.

ИЗДВОЕНИ