Жесток украински напад на Русија: Затворен аеродром, соборени 39 дронови/ВИДЕО

144
screenshot X/Gerashchenko_en

Сообраќајот на мостот над реката Дон во областа Калачевски во рускиот Волгоградски регион е привремено ограничен за расчистување на остатоците од „масивниот“ украински напад со дронови, соопшти канцеларијата на регионалниот гувернер утрово.

Гувернерот на Волгоград, Андреј Бочаров, во објава на апликацијата Телеграм, изјави дека никој не е повреден во нападот. Во моментов нема информации дали е оштете мостот над реката Дон, петтиот најдолг во Европа.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушната одбрана уништила 39 украински дронови преку ноќ над руска територија и Кримскиот Полуостров, вклучувајќи 13 над Волгоградскиот регион.

Аеродромот во Волгоград беше затворен повеќе од три часа пред сообраќајот да се врати непосредно пред 7 часот наутро по локално време, соопшти рускиот орган за цивилно воздухопловство Росавијација.

Од друга страна, според украинската новинска агенција „Укринформ“, беспилотните летала биле лансирани од Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, а целта биле складишта за ракетно гориво во рускиот Брјански регион.

„Вечерта на 26 јуни, напаѓачки беспилотни летала контролирани од Главната дирекција за разузнавање погодија складишта за ракетно гориво и дизел гориво во логистичкиот центар на 1061-та единица на руските вооружени сили во Брјанск“, изјави извор од украинското воено разузнавање.

ИЗДВОЕНИ