Жесток почеток на добро пријателство: Шерон Стоун сакала да се тепа со Мајкл Даглас!

85

Холивудската дива Шерон Стоун (67) тврди дека нејзината прва средба со Мајкл Даглас била сè друго освен гламурозна – завршила со јавна расправија на Канскиот филмски фестивал, неколку години пред заедно да го снимат познатиот еротски трилер „Основен инстинкт“ (1992).

„Сите седевме наоколу, и тој почна да зборува лошо за некого кого го познавав многу добро. Му го кажав моето мислење, а тој рече: „Што, по ѓаволите ти знаеш?““, се присети Стоун во интервју за „Бизнис инсајдер“.

Актерката вели дека потоа нагло се оддалечила од масата.

„Ајде да излеземе надвор и да го средиме ова“, му рекла, предизвикувајќи го на тепачка, за што била подготвена.

Кога излегле надвор, таа му објаснила дека е блиска пријателка на семејството за кое зборувал.

„Не мислам дека ме сакаше како партнерка. Но, се покажа дека е добро за нашата врска на снимањето – не се исплашив кога го крена гласот, а совршено се вклопуваше во динамиката на нашите ликови“, додаде Стоун.

И покрај жестокиот почеток, таа вели дека денес се најдобри пријатели и дека го цени неизмерно.

ИЗДВОЕНИ