Жесток напад со дронови во Русија: Украина погоди една од најголемите рафинерии за нафта/ФОТИО/ВИДЕО

177
Фото: Collage X

Пожарот, кој избувна откако Украина нападна руска рафинерија за нафта во Кирши, беше изгаснат откако остатоците од соборениот дрон паднаа на земја.

Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, изјави дека три дрона биле соборени над градот Кириши, но дека нивните остатоци предизвикале пожар во комплексот. Тој додаде дека пожарот бил брзо изгаснат и дека немало жртви.

На 8 март 2025 година, рафинерија за нафта во Кириши беше исто така погодена од дронови. Во тоа време, руските власти тврдеа дека едниот дрон погодил резервоар, додека другиот бил соборен при пристапот кон фабриката.

Рафинеријата за нафта Кириша се наоѓа на повеќе од 800 км од украинската граница и е една од најголемите руски рафинерии. Рафинеријата има капацитет за преработка од над 10 милиони тони нафта годишно и произведува широк спектар на нафтени производи, вклучувајќи бензин, дизел, гориво за авиони и други.

Рафинеријата Кириши снабдува значителен дел од потребите на Русија за нафтени производи и е клучен елемент на енергетската инфраструктура на земјата.

ИЗДВОЕНИ