четврток, февруари 19, 2026
Дома СВЕТ Жесток конфликт меѓу руската и украинската делегација на преговорите околу овие две...

Жесток конфликт меѓу руската и украинската делегација на преговорите околу овие две теми

755
EPA/MARTIAL TREZZINI

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, даде кратка изјава по вчера завршените мировни преговори меѓу Украина и Руската Федерација во Женева, Швајцарија, и објави дека не се постигнати конкретни договори.

Самитот требаше да продолжи, но состанокот беше ненадејно прекинат поради бројни несогласувања меѓу спротивставените страни, објавува британскиот „Гардијан“.

– Можеме да видиме дека се постигнати некои основни работи, но нашите позиции се дијаметрално различни. Преговорите воопшто не беа лесни – рече Зеленски.

Потоа тој истакна која е најважната тема за украинската страна. Според него, „најчувствителните“ теми како што се судбината на Донбас и нуклеарната централа Запорожје останаа неразјаснети.

Самитот за крајот на војната во Украина се одржа во Женева, а посредуваа домаќинот Швајцарија и Соединетите Американски Држави. Зеленски даде големо интервју за „Аксиос“ на денот на почетокот на преговорите во Женева, кога му рече на Трамп дека не е праведен и дека бара средба со Владимир Путин, претседателот на Русија.

ИЗДВОЕНИ