Многу топлото време што се најавува од среда до петок, со температури до 40°Ц, се очекува да ја зголеми потрошувачката на електрична енергија поради користењето на клима-уредите, кои се единствен спас од горештините, и дома и на работа.

– Дома користиме клима-инвертер, во лето за ладење, во зима за греење. Живееме во куќа, има поголем простор и за да се одржува температурата на овие високи температури, лади дење-ноќе, воопшто не ја гасиме. Свесна сум дека се троши повеќе струја, но што да се прави во овие жешки денови? Дома имам мали деца и постар човек, мора да врти климата, иако потоа сметката за струја ни е „жешка“ – вели Васка од скопската населба Влае.

Од државната ЕСМ се подготвуваат за зголемена потрошувачка на електрична енергија. Иако сушата влијае неповолно на производството од хидроелектраните, кои, сепак, се држат на ниво од 50 проценти од резервите, за да се задржи овој потенцијал, потребниот конзум на струја ќе се надополни од ветерниците и од двата блока на термоцентралата РЕК „Битола“, кои се ставени во погон

Македонија од среда до петок ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, што ќе предизвика топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од денеска до петок, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°Ц, а наместа ќе достигне до 40°Ц.

Како што расте живата во термометрите така вртат и броилата на струјомерите, поради очекуваната зголемена потрошувачка на електрична енергија поради користењето на клима-уредите, кои се единствен спас од горештините, и дома и на работа.

– Дома користиме клима инвертер, во лето за ладење, во зима за греење. Живееме во куќа, има поголем простор и за да се одржува температурата на овие високи температури, лади дење-ноќе, воопшто не ја гасиме. Свесна сум дека се троши повеќе струја, но што да се прави во овие жешки денови? Дома имам мали деца и постар човек, мора да врти климата, иако потоа сметката за струја ни е „жешка“ – вели Васка од скопската населба Влае.

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) велат дека во екот на топлотниот бран, најдобро е граѓаните да ги разладуваат внатрешните простории – идеалната собна температура е 21 Целзиусов степен во текот на денот, а 18 во текот на ноќта.

Лани, во јули, имаше рекордна потрошувачка на електрична енергија.

Од државата „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) се подготвуваат за зголемена потрошувачка на електрична енергија. Иако сушата влијае неповолно на производството од хидроелектраните, кои, сепак, се држат на ниво од 50 проценти од резервите, за да се задржи овој потенцијал, потребниот конзум на струја ќе се надополни од ветерниците и од двата блока на термоцентралата РЕК „Битола“, кои се ставени во погон. Во просек, ЕСМ од домашните капацитети, како што се термоелектраните, хидроцентралите и ветерниците, обезбедува околу 90 отсто од вкупното домашно производство на електрична енергија.

Од АД ЕСМ информираа дека термоелектраната „Битола 2“ е успешно синхронизирана со електроенергетскиот систем во понеделникот вечерта во 18:24 часот. Термоблокот веќе испорачува електрична енергија според потребите на универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“. АД ЕСМ упатува јавна благодарност до сите што учествуваа со свој стручен придонес во санацијата на опожарената опрема и во воспоставувањето обновен систем за електронско управување.

– Ова брзо оспособување на блокот е резултат на натчовечкиот напор и на посветеноста на вработените во комбинатот, кои работеа неуморно за да го вратат во функција во најкраток можен рок. Поради очекуваниот зголемен конзум во текот на најавениот топлотен бран, вчера во попладневните часови започнавме со активности за привремено ставање во функција и на термоблокот „Битола 3“, а гасење на ТЕ „Осломеј“. До крајот на денот, „Битола 3“ беше синхронизиран на мрежа, со што во деновите на зголемена потрошувачка, РЕК „Битола“ ќе работи со две третини од својот инсталиран капацитет. Ова значително ќе придонесе кон понатамошно зачувување на хидропотенцијалот во услови на зголемен и целосно покриен конзум – информираат од АД ЕСМ.

И покрај непланираниот застој на производството на ТЕ „Битола 2“, поради причини што се предмет на истрага кај соодветните институции, АД ЕСМ презеде брзи мерки.

– Во изминатите денови беше зголемено производството од хидроелектраните, а со оптимизација на потенцијалите, резервите на вода за производство на електрична енергија и натаму се задржани на ниво од 50 отсто. АД ЕСМ продолжува внимателно да ја следи состојбата со топлотниот бран, соодветно реагирајќи со балансирано производство во согласност со потребите на системот – велат од АД ЕСМ.

(С. Бл.)

ИЗДВОЕНИ