
Челниците на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити сериозно ја разгледуваат и опцијата да стават крај на соработката со трофејниот каталонски стручњак, Пеп Гвардиола. Освен оваа информација, британските медиуми открија дека има неколку стручњаци кои се во игра за наследник на Гвардиола, а последно име во тој список е поранешниот тренер на Баер од Леверкузен и Реал (М), Чаби Алонсо.











