Жешко лето: „Ајмо на море“ со Јоце Панов и манекенката Елена Вукановска

1214

Во видеоприказната, една од главните улоги му припадна на петгодишниот Лука, кој, инаку, е син на Јоце. Има многу интересни сцени, а најинтересна е онаа кога малиот Лука, со манири на кавалер, ѝ подарува на убавата девојка голем букет цвеќеЛето е, и тоа многу жешко, но македонскиот поп-пејач Јоце Панов успешно нè освежува со својот најнов, би кажале, морски спот. Со спотот, тој има и нова песна, насловена „Ајмо на море“. Во текстот се раскажува за летните љубовни лудории на двајца вљубени, кои се заминати на море.

Откако го прослави својот јубилеј по повод 25 години работа на музичката сцена, во Македонската филхармонија, Јоце сега има нешто ново. Певлива летна песна, која не е фестивалска, и летен спот.  Музиката и текстот се на Бане Опачиќ, а Панов ја пее песната на српски јазик.                                                                                              „Топло је, ајмо на море, рано је, ајмо до зоре, добро је да није горе, само је љубав за нас двоје, кажеш кроз сузе врела си испод блузе…“                                                      Аранжманот е на Алек Алексов. Засега песната нема македонска верзија. Спотот е снимен на повеќе атрактивни локации на јадранскиот брег. Во оваа видеоприказна, една од главните улоги му припадна на петгодишниот Лука, кој, инаку, е син на Јоце. Има многу интересни сцени, а најинтересна е онаа кога малиот Лука, со манири на кавалер, ѝ подарува на убавата девојка голем букет цвеќе. Елена Вукановска, македонска танчарка со меѓународна кариера, ја глуми девојката.Летниот спот за „Ајмо на море“ е во продукција на Дарио Јанковиќ, а во режија на Ана Марија Јанковиќ. Како што стојат работите, официјалната летна промоција за новинарите ќе се случи наскоро, на една од атрактивните локации во Охрид, на нашето „море“. Очигледно, Панов никогаш не ги заборава медиумите.   (Д. М.)

ИЗДВОЕНИ