Жешкиот африкански бран ќе потрае: Новите прогнози не ветуваат скоро освежување!

139

Најжешката недела од август е пред нас, со температури помеѓу 35 и 40 степени, а според прогнозите топлотниот бран ќе продолжи и во наредниот период. Топол воздух од југ, односно од Африка, ќе се задржи најмалку до 20 август, а жешкото време ќе продолжи најверојатно до околу 25 август, по што следува големо освежување на времето како и голем пад на температурите на воздухот.

Што се однесува до времето, ќе биде претежно стабилно, суво и сончево во остатокот од овој месец, меѓутоа, повремено ќе има локален развој на краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Некои сериозни врнежи не треба да очекуваме и во остатокот од овој месец. Температурите во следниот период остануваат многу високи, па така тие речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу па  и над 35 степени.

Во Повардарието температурите  и понатаму ќе се искачуваат до околу 40 степени.

Многу топлото време продолжува  и во остатокот од регионот, што значи дека топлиот бран од Африка ја зафаќа цела јужна  и југоисточна Европа.

ИЗДВОЕНИ