Жешки денови се пред нас, „летото ќе трае“ – метеоролозите велат: за промена кон есен, ќе причекаме!

192

Српскиот метеоролог аматер Иван Ристиќ, во својата најнова прогноза се осврна на времето во наредните недели. Ристиќ открива дека се соочуваме со последниот долг и интензивен топлотен бран ова лето. Највисоките температури ќе бидат во јужните делови на регионото, јужна Србија и македонија, каде што се предвидува дека температурите ќе достигнат 40 степени.

„Ова ќе биде најжешката недела во август, следните 7,8 дена ќе бидат многу топли со температури близу 40 степени“, вели Ристиќ и додава:

„Температурите ќе бидат многу високи, помеѓу 35 и 40 степени, но југоисточниот ветер малку ќе нè разлува, ќе ја имаме таа природна вентилација и ќе ја подобри оваа ситуација со високите температури. Околу Преображење (19 август) има услови да биде малку посвежо, но засега не е видливо силно разладување. Нема разладување речиси до крајот на август. Промената од лето кон есен може да се случи околу 25 септември. Се чини дека летото ќе трае“, заклучи тој.

ИЗДВОЕНИ