Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад врз две жени

42

Суд во Париз го прогласи француската филмска легенда Жерар Депардје (76) за виновен за сексуален напад врз две жени на филмски сет и го осуди на условна затворска казна од 18 месеци.

Актерот е обвинет за несоодветно допирање на две жени – сценографката идентификувана на суд како Амели и помошничката режисерка Сара – за време на снимањето на филмот од 2021 година. Депардје ги негираше обвиненијата за време на судењето.

Судот утврди дека сведочењето на сценографот било конзистентно, додека изјавите на актерот се менувале со текот на времето. Тој беше прогласен за виновен за напад врз двете жени.

Обвинителот Лоран Ги за време на судењето изјави: „Сосема е можно да се биде одличен актер и добар татко – а во исто време да се изврши кривично дело. Тука не го судите францускиот филм. Го судите Жерар Депардје, како и секој друг граѓанин.“

На крајот од шестнеделното судење, обвинителството побара условна казна затвор од 18 месеци, парична казна од 20.000 евра и регистрација на актерот како сексуален престапник.

Адвокатот на една од жртвите, Клод Винсент, го опиша Депардје како „женомрзец“ и „пример за сексизам од учебник“.

Од друга страна, адвокатот на актерот, Џереми Асу, побара ослободителна пресуда и го обвини обвинителскиот тим дека се однесува повеќе како активисти отколку како правници.

ИЗДВОЕНИ