На првиот ден од Новата 2026 година, точно во 14:00 часот, мајката Мартина Илиевска на свет донесе женско бебе, со тежина од 3.050 грама и должина од 49 сантиметри, соопштија од Општата болница со проширена дејност во Гевгелија.
Раѓањето поминало успешно, а мајката и бебето се во одлична здравствена состојба.
Овој среќен настан, како што велат од болницата, е резултат на посветеноста и професионалноста на медицинскиот тим: д-р мед. науки Анита Морарцалиева Чочкова, специјалист по гинекологија и акушерство , акушерките Нада Данаилова и Маја Танчевска, д-р Рената Трајкова Специјалист по педијатрија и медицинската сестра Павлинка Глигорова.
(Љ.А.)












