недела, февруари 22, 2026
Дома СКОПСКА Женката гибон Делфина доби на подарок играчка орангутан

Женката гибон Делфина доби на подарок играчка орангутан

91

Женката гибон Делфина доби на подарок играчка орангутан.

Од скопската Зоолошка градина велат дека подарокот е од нивна редовна посетителка, која, како и многумина, се восхитува од приказната за двете мали гибончиња, Делфина и нејзиното помало братче, Мики, но и од посветеноста и пожртвуваноста на зоонегувателката Зера и на другите вработени.

Инаку, малото мајмунче Делфин пред четири години беше отфрлено од својата мајка и падна во езерото. Делфина, по спасувањето, беше одгледана од својата зоонегувателка Зера, која целото свое работно, но и слободно време 24/7 ѝ го посветува нејзе.

Од Зоолошката градина информираат дека сега, заедно со своето помало братче, Мики, се адаптира на самостојниот живот и оти се една од ретките институции во светот што успеале во намерата да ги спојат и адаптираат овие две гибончиња.

 

 

ИЗДВОЕНИ