Жените од Саудиска Арабија проговорија за пеколот: Девојчињата кои не дозволуваат да бидат силувани од роднините, ги праќаат во затвор за „непослушни“, каде смртта е поубава од животот

1345

Жените и девојчињата од Саудиска Арабија, кои родителите ќе ги прогласат за „непослушни“ затоа што не дозволиле да бидат силувани од машките во семејството, забремениле од нив, пиеле алкохол или само направиле сообраќаен прекршок, ги праќаат во посебни затвори. Тие конечно проговорија за нехуманите услови во тие институции, каде што се изолирани и злоупотребувани под маската на рехабилитација, објавува „Дејли мејл“.

Некои од нив сведочат дека биле испратени во институции познати како Дар ал-Ријаџа затоа што се противеле на сексуалната злоупотреба во нивните домови, по што биле камшикувани или ставени во самица сè додека не „склучеле мир“ со нивните насилници. Сара Ал-Јахија, која и самата била затворена таму и  се залага за укинување на овие институции, изјави за „Гардијан“ дека нејзиниот татко се заканил дека ќе ја испрати во Дар ал-Реа уште кога била дете „ако не се подложи на неговата сексуална злоупотреба“.

Овие затвори за непослушни жени постојат од 1960-тите години и во нив сместуваат девојчиња и жени на возраст од 7 до 30 години.

-Како пекол е. Се обидов да си го одземам животот кога дознав дека ме носат таму. Знаев што се случува таму и си помислив: „Нема да преживеам“, рече 38-годишната Сара.

Таа додава дека таму на жените, кои често се под седативи, им се обраќаат со броеви, а камшикувањето е вообичаено за сè и сешто и следува и кога две жени ќе бидат сами заедно, зашто тогаш ги обвинуваат дека се лезбејки. Храна речиси и не им се дава, па некои жени се обидуваат да избегаат, некои едноставно полудуваат, а некои се убиваат. Во 2015 година, една од затвореничките беше пронајдена обесена во нејзината соба со порака: „Решив да умрам за да избегам од пеколот“.

-Девојките кои се во изолација почнуваат да го губат разумот и да се самоповредуваат. Тие кршат ламби, прозорци, стакло, а потоа се сечат со нив, вели Холуд Бариде, која била затворена затоа што пиела алкохол на забава.

Ретко се објавуваат податоци за овие институции, но има сознанија дека во 2016 година во седум од нив биле затворени 233 девојки и жени.

ИЗДВОЕНИ