Жената што нападна луѓе со нож во Минхен била од Балканот?

326
screenshot The Outpost X

Жената која синоќа во Минхен, на местото на одржување на познатиот Октоберфест, нападна луѓе со нож, а потоа беше убиена од полицијата, била од Балканот.

Поточно, како што пишуваат германските медиуми, станува збор за бугарска државјанка. Таа прво нападнала маж (56), а потоа и девојка, која исто така ја повредила.

Жената, бугарска државјанка која живеела недалеку од местото каде што нападнала луѓе, била итно оперирана откако била застрелана од полицијата, но починала во болница кратко време по операцијата.

Сè уште нема официјални информации за точниот број на повредени, степенот на повредите или мотивот за нападот. Според „Билд“, жената наводно имала проблеми со менталното здравје.

ИЗДВОЕНИ